Учењето од далечина беше голем предизвик за мене. Обидувајќи се да го направам наставниот процес поинтересен и полесен за совладување, на час го повикав новинарот Сунаи Сабриоски. Претходно имавме неколку онлајн средби во кои го дефиниравме часот. Идејата...
More
Учењето од далечина беше голем предизвик за мене. Обидувајќи се да го направам наставниот процес поинтересен и полесен за совладување, на час го повикав новинарот Сунаи Сабриоски. Претходно имавме неколку онлајн средби во кои го дефиниравме часот. Идејата ни беше учениците да се запознаат со човек од терен и да слушнат од него како се пишува новинарска статија. На часот изведен на платформата Тимс учениците се запознаа со Сунаи и имаа можност да му постават прашања.
Тие научија што е тоа новинарска статија и како се пишува. Сунаи ги предизвика да се обидат и да напишат статија. Тој предизвик го прифатија дел од учениците и менторирани од мене изготвија четири статии кои ги приложуваме овде.
Учениците беа дел од проектна настава во која најпрвин доброволно се пријавија. Самостојно одбраа теми за истражување, избраа уредник, одговорен ученик за оформување на конечната верзија од текстот и ученици новинари. Од пријавените ученици се направија редакции (за секое одделение по една редак
Less